Врие од полиција на Бит Пазар, грабеж во „Македонска пошта“

Врие од полиција на Бит Пазар. Од полицијата инфрмираат дека имало грабеж во експозитурата на „Македонска пошта“, пишува Курир.

Како што велат од МВР, околу 7:30 часот маскиран разбојник вооружен со пиштол им се заканувал на тројцата вработени, а од поштата одзел околу 80.000 денари.

Истрагата е во тек.