Секое шесто дете во Шпанија во депресија во текот на епидемијата

Секое шесто дете во Шпанија се чувствувало депресивно во текот на епидемијата на коронавирусот, а со тоа се попогодени децата од посиромашните семејства, соопшти во четвртокот хуманитарно здружение.

Шпанија ги воведе едни од најстрогите карантински мерки на светот, меѓу кои и онаа со која децата не можеа воопшто да излезат до домот четири седмици, за да се сузбие епидемијата којашто во оваа земја усмрти речиси 28.000 луѓе.

Здружението Save the Children соопшти дека нејзиното истражување спроведено во април покажало дека, и покрај тоа што семејствата минувале повеќе време заедно, 17 отсто од децата се чувствувале депресивно секојдненвно или многу често, како и дека карантинот ги истакнал економските разлики.

Имено, во повеќето сиромашни семејства 32,3 отсто од децата имале тешкотии со спиењето, а 30,1 отсто имале страв од Covid-19, речиси третина повеќе отколку во побогатите семејства.

Сиромашните деца и почесто плачеле, покажало истражувањето кое се темели на повеќе од 1.800 разговори со деца и нивни семејства.

Организацијата Save the Children наведува дека секое четврто ранливо семејство доживеало губење на работно место или пад на приходите, што кај децата предизвикало напнатост и чувство на несигурност. Во некои случаи, семејствата морале да го делат домот со странци за да ги намалат трошоците за наем на станот.

„Да се биде изолиран во мали станови со луѓе кои не се дел од семејството, е ризично, бидејќи тие семејства се изложени на двоен стрес. Ја загубиле работата бидејќи не можеле да работата и се изолирани во многу мали простори“, изјави Андрес Конде, шеф на огранокот Save the Children in Spain.

Ова меѓународно здружение ги повика властите да им помогнат на сиромашните семејства во покривњето на основните животни трошоци.