
Празничниот метеж веќе почна, па на обиколницата околу Загреб е формирана колона долга дури 25 километри во насока од Јанкомир до Иванје Реке.
Особено голем метеж е на Бајаково, каде колоната од камиони е долга околу 10 километри, јавуваат хрватските медиуми наведувајќи дека возачите на камиони се гневни бидејќи чекаат со часови.
Инаку, коловозите низ Хрватска се влажни и лизгави, а на патиштата низ планинските предели, на мостовите и надвозниците можна е голомразица.
Дека празниците се ближат се чувствува и на граничните премини каде исто така и голем метеж.