
Американскиот претседател Доналд Трамп играше во саботата голф првпат откако беше прогласена вонредната состојба поради епидемијата од коронавирусот во март, испраќајќи ја пораката дека САД се враќаат во нормална состојба.
Претседателот го посети својот терен „Trump National Golf Club“ во предградие на Вашингтон. Трамп последен пат играше голф на 8-ми март, во својот клуб во Вест Палм Бич на Флорида.
Трамп ја промовира идејата дека САД се враќаат во нормална состојба, иако неговите противници забележуваат дека се очекува бројката на починати во епидемијата на коронавирусот следните денови да надмине сто илјади. Тоа се совпаѓа за малку со процените на почетокот од епидемијата, кои подоцна беа ревидирани надолу.
Американците во понеделник 25-ти мај го одбележуваат Денот на сеќавањето во чест на загинатите американски војници, поради што ќе имаат продолжен викенд.
„Престојувајте надвор, играјте голф, играјте тенис со означени топчиња, одете на плажа, но бидете оддалечени два метра“, им порача на Американците, Дебора Биркс, координаторка на кризниот штаб на Белата куќа за борба против коронавирусот на прес-конференцијата во петокот.