Времето променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно на повеќе места со поројни врнежи од дожд и засилување на ветерот.
Во источните делови се очекува невреме со изолирана појава на град и грмежи, особено доцна попладне и во вечерните часови.
Максималната температура ќе се движи од 22 до 30 степени.
И утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во петок и сабота врнежите ќе бидат локализирани во западните делови од земјава. Целосна стабилизација на времето со пораст на температурата се очекува од недела.