Поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша ќе се кандидира за пратеник на претстојните вонредни парламентарни избори во јули, иако во петок започнува со служење на долгогодишна казна затвор.
Уставниот суд на Словенија на отфрли жалбата на Јанша, претседателот на најголемата опозициска партија на Словенечките демократи.
Со тоа се потврди пресудата за две години затворска казна поради аферата „Патрија“, која беше за примање на мито од финскиот произведувач на оклопни транспортери за словенечката војска кога бил претседател на Владата.