Голем дел од фановите на Коби Брајант се уште не може да се помират откако загина во трагичен пад на својот хеликоптер.
Неговото семејство, поточно неговата сопруга Ванеса Брајант која сега е вдовица поради потег на својот сопруг од пред осум години сега ќе се збогати за дополнителни 200 милиони долари
Имено Коби во 2012 година вложил пет милиони долари во спортскиот пијалок „БодиАрмор“, а проектот успеал па сега компанијата треба да исплати дури 200 милиони евра на Ванеса.
„Загубив близок пријател. Загубив брат. Брендот не би бил во ваква позиција ако Коби не веруваше во проектот“, кажа првиот човек на „БодиАрмор“.
Како што се наведува „БодиАрмор“ во моментов вреди повеќе од две милијарди долари.