Хрватскиот политичари и уметник Иван Кујунџиќ ја повика Владата да реагира на скандалозните пишувања на Горјан Тозија, директорот на македонската Агенција за филм, кој во низа коментари на социјалните мрежи ги нарече Хрватска и владејачката партија ХДЗ – фашисти и криминалци.
„Имајќи ја предвид нашата долга и пријателска историја со Македонија, и добрите политички односи, нивната држава и Министерството за култура треба да ја објаснат ситуацијата – дали се работи за политички земјотрес или пуштање чад. Меѓу нас се уште има блиски односи и љубов, но треба да има објаснување во следните денови“, пишува Кујунџиќ, кој е академски скулптор и еден од основачите на партијата ХДЗ, која Тозија грубо ја навреди.
Македонија мораше да се извинува за објавувањето на поштенска марка на која Хрватска беше прикажана во границите на „Голема Хрватска“, инцидент кој беше објаснет како ненамерна грешка. Но, откако повеќе хрватски медиуми пишуваа за оваа состојба, Тозија почна да одговара со крајно навредливи коментари за државата, обвинувајќи го премиерот Андреј Пленковиќ дека е фашист и криминалец, а целата негова партија за „усташтво“.
„Сведоци сме на куп лажно анти-фашистички, диво антифа настроени навреди и политички коментари од држава на која многу сме и помагале во минатото. Како уметник и човек кој се грижи за угледот на државата Хрватска сметам дека морам да реагирам против овие длабоко анти-хрватски навреди. Државен функционер на македонската Влада, директорот на македонската Агенција за Филм, не нарекува фашисти и криминалци. Тозија потврдува дека ги напишал овие пораки и вели дека имал право да критикува други држави. Овој озлогласен функционер вели дека Владата на Републка Хрватска е фашистичка. Ова е крајно неприфатливо и за ова мора да се повика македонскиот амбасадор и да му се врачи протестна нота, а нашата амбасада во Македонија исто така мора да вложи протест“, пишува во пораката на Кујунџуќ до премиерот Пленковиќ, на кого му се обраќа како долгогодишен пријател, но и како основач на партијата ХДЗ.