Бајден прв пат излезе од дома по 10-неделен карантин

Веројатниот кандидат за претседател од Демократската партија, Џо Бајден, синоќа за првпат по десетнеделен карантин, излезе од дома и го посети меморијалниот споменик по повод празникот Ден на сеќавањето.

Бајден, заедно со својата сопруга Џил, положија венец со свежи цвеќиња на споменикот за ветераните од Втората светска и од Корејската војна во неговиот град Вилмингтон.

Иако претседателските избори се за околу пет месеци, и тој е веројатен кандидат кој ќе се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп, Бајден седеше дома, не беше многу активен, и во последите недели одржа неколку онлајн настани.

Иако се придржуваше на мерките да се остане дома, Трамп пак од неодамна започна активна кампања со повеќе патувања, и во изминатата недела беше на митинзи во некои од таканаречените колебливи (свинг) држави како Аризона, Мичиген и Пенсилванија.

Во анкетите за популарност, засега води Бајден, додека рејтингот на Трамп е намален, поради тоа како се справува неговата Администрација на опасното ширење на пандемијата во САД.