Норвешкото чудо од Борусија Дортмунд и полската машина за голови на Баерн Минхен ветуваат спектакл од 18.30 часот, а можете да одиграте дека ќе ја продолжат голгетерската серија.
Ерлинг Бро Халанд и Роберт Левандовски ќе бидат во фокусот на светската фудбалска јавност денеска од 18.30 часот во новиот „Дер Класикер“ на Германија.
На празниот „Вестфален“ двата расни голгетери ќе бидат главните адути на мечот што може да ја одлучи титулата во Бундеслигата, особено ако биде расположен Левандовски и победи неговиот тим Баерн.
Норвешкото чудо Халанд има поинакви планови и сака со победа да ја доближи Борусија Дортмунд само на еден чекор од лидерот и голем ривал во Германија.
А и двајцата имаат сезона за паметење и, за чудо, досега постигнаа еднаков број голови, по 41. За да има симболика во трката за најдобар стрелец во Европа, и двајцата одиграа по 35 натпревари, со просек над еден гол на меч.
Левандовски со 27 гола е прв стрелец во Бундеслигата и топ-голегетер и во Лигата на шампионите со 11 погодоци. Уште три додаде во националниот Куп на Германија, со што е на кота 41 на клупски план оваа сезона и го дели првото место во Европа токму со Халанд.
Норвежанецот продолжи со блескавите партии фудбал и во Борусија Дортмунд откако на први јануари се пресели кај Милионерите од редовите на австрискиот Салцбург.
За Борусија досега постигна 10 гола во Бундеслигата на исто толку натпревари, а има 10 гола во Лигата на шампионите, 16 во австриската Бундеслига за Салцбург, четири има во австрискиот куп и еден во германскиот куп, или вкупно 41.
Халанд има и неверојатни просеци и како играч на Салцбург, постигнуваше погодок на 52 минути, а во Борусија засега дава гол на секои 70 минути.
Левандовски е стрелец на секои 74 минути во просек за Баерн сезонава, што е одличен учинок за двајцата главни голгетери во Европа сезонава.
Sport Life во Специјалниот сингл ви нуди да одиграте дека и Халанд и Левандовски ќе бидат стрелци на денешниот „Дер Класикер“, а комбинацијата е со коефициент 3.44.
Левандовски е главен фаворит во понудата на Sport Life за прв стрелец на мечот со квота од 3.60, додека за Халанд коефициентот дека ќе го отвори мечот со прв погодок е точно пет.
Има уште многу комбинации за стрелци, голови, корнери, време на прв гол на дербито….
Уживајте во мечот што може да го одлучи и новиот шампион на Германија и посетете ја интернет станицата на Sport Life за да ја проверите денешната понуда и Специјалниот сингл со игри посветени на големото германско дерби.