Twitter го означи твитот на Трамп за „проверка на факти“

Сервисот за микроблогирање Twitter во вторникот првпат досега со означување ги повика корисниците да ги проверат податоците во тивтовите кои ги објавува американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со дописното гласање се покажале наводно невистинити.

Американскиот претседател веднап во твит им одговори на челниците на Twitter дека компанијата се меша и зазема страна во американските претседателски избори.

„Twitter целосно ја гуши СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, и јас, како претседател, тоа нема да го дозволам“, напиша Трамп алудирајќи на американскиот устав.

Со син извичник мрежата ги предупредува кориснциите да ги „проверат фактите за дописното гласање“ и ги насочува на страница со новински написи и информации кои ги дознал тимот на Twitter за проверка на фактите за тврдењата на Трамп.

Меѓутоа, нема појаснување како се врши селекцијата на презентираните медиумски содржини според кој „тимот за проверка на фактите“ одредува на која објава треба да се стави сомнеж. Така, еден од насловите на врвот од оваа страница која ја презенитра Twitter е „Трамп изнесува неосновани тврдења дека дописното гласање ќе доведе до изборни злоупотреби“.

Трамп, кого на Twitter го следат над 80 милиони корисници на мрежата, во своите твитови од вторникот наведе дека дописното гласање „во значителна мера би било нечесно“, како и дека „би резултирало со наместени избори“. Во врска со тоа директно го прозва гувернерот на сојузната држава Калифорнија, иако таа не е единствената која го користи овој начин на гласање.

Од Twitter потврдика дека првпат во историјата е применето правилот за посебно одбележување на твитовите на претседателот на сАД откако претходно во мај беше воведена политиката на компанијата во врска со објавување „залажуачки информации“.