
ЈП „Водовод и канализација“ извести дека донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг. Отпишани се и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.
Согласно одлуката, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.
Одлуката ја донел Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“, согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.
Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на [email protected] и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.