Тројца починаа, 25 новозаболени од Ковид 19

Три лица починаа, а 25 се новозаразени од ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаa пациент од Струга (58) и пациент од Скопје (47) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Тетово (41) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 14, Куманово 2, Штип 4, Прилеп 1, Тетово 2, Струга 1, Велес 1.

Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје 11, Куманово 4, Тетово 1 и Велес 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.039, бројката на оздравени пациенти е 1.470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 747, активни 210
Куманово – 438, активни 33
Дебар – 51, активни 0
Штип – 50, активни 15
Прилеп –211, активни 47
Тетово – 179, активни 70
Струга – 77, активни 9
Велес – 128, активни 40
Битола –28, активни 7
Охрид –23, активни 8
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –22, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 0
Свети Николе-1, активни 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ 278, Ветеринарен факултет 24, Авицена 20, Биотек 48, Клиника „Жан Митрев“ 79, Систина со PCR метода 54 и МАНУ 119. Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2.680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.