Четворица позитивни на коронавирусот во Премиер лигата

Четири лица од три клуба биле позитивни на коронавирусот во последната серија тестови кои ги спроведе англиската Премиер лига.

Од Премиер лигата објавија дека во понеделникот и вторникот биле тестирани 1.008 играчи и персонал на клубовите на Covid-19, при што четири лица од три клуба биле позитивни на вирусот.

„Играчите или персоналот на клубовите кои се позитивни на коронавирусот ќе мора да одат во самоизаолација“, објавија од лигата.

Во Англија пред можното продолжување на фудбалското првенство спрведени се вкупно 2.752 теста, а досега се добиени 12 позитивни резултати.

Дваесетте клубови во англиската Премиер лига во средата едногласно изгласаа продолжувње на тренизнсите со дозволен контакт, што претставува важен чекор кон продолжување на првенството.

Тренинзите без контакт и во помали групи од по пет играчи беа дозволени од минатата седмица, но отсега клубовите „ќе можат да тренираат колективно (до десет играчи), при што се дозволени блиски контакти со цел да се одземе топката, но и натаму се ограничува непотребната физичка близина“, се наведува во соопштението.

Во Англија не е одигран ниеден фудбалски натпревар на ниедно ниво од март, кога пандемијата од новиот коронавирус го блокираше спортот во целиот свет.

Премиер лигата сигнализираше дека сака продолжување на првенството на 12-ти јуни, но сега се чини дека тоа сепак ќе се случни подоцна.