Ла Лига во јуни ќе се гледа бесплатно

Раководството на Ла Лига и Скај Спорт неделава ќе потпишат договор за емитување на преноси од фудбалското првенство на Шпанија.

Скај Спорт ќе емитува преноси на територија на Велика Британија и во интерес на своите гледачи нема да наплаќа ништо, тврди Сан.

Телевизискиот гигант Скај Спорт потврди дека во јуни Ла Лига ќе се гледа бесплатно, гледачите во Велика Британија ќе можат да ги следат во живо сите проестанати средби од Шпанија во целост.

Ла Лига се рестартира во јуни, тогаш ќе започнат и преносите и во Англија.