Навивачите на Реал Мадрид не го сакаат Погба, ако го платат со четири играчи!

Откако се појави информација во медиумите дека Флорентино Перез по секоја цена сака да го донесе Пол Погба од Манчестер јунајтед и за тоа е подготвен да му даде на Манчестер јунајтед дури четворица фудбалери, најугледниот шпански спортски весник „Марка“ со анкета ги праша навивачите дали се сложуваат со ваква операција.

Според анкетата, дури 85 отсто се спротивставиле на оваа опција, а само 15 отсто го одобриле потегот на Перез, кој во понудата за Погба на „црвените ѓаволи“ им ги понудил Хамес Родригез, Брахим Дијаз, Лукас Васкез и Мартин Одегард.

Погба во изминатиов период постојано е во фокусот со заминување од Јунајтед, а Јувентус и Реал Мадрид се потенцијалните дестинации, но сооглед на финансиската криза предизвикана од пандемијата со коронавирус, тешко е за верување дека некој клуб ќе може да ги изполни високите финансиски барања на англискиот великан.

Сепак, навивачите на „кралевите“, колку и да го посакуваат Погба, сметаат дека Перез ќе се откаже прелесно од четворица квалитетни фудбалери, кои заедно секако дека вредат многу повеќе од тоа што францускиот ас вреди во моментов, а тој нема настап од крајот на ноември.