
Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на починати и на заразени лица на милион жители, но сме дното на листа по број на направени тестови, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ цело време апелира дека треба да се зголеми бројот на тестирања на дневна основа, вели потпретседателот на ВМТО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој, во емисијата “360 степени“ на Алсат телевизија, истакна дека, за разлика од Македонија која што покажа тотално фијаско во справувањето со кризата, земјите од регионот како Словенија на пример која за девет дена има само пет нови дијагностицирани случаи на корона висрусот, а Хрватска пак за шест дена има само два случаи.
– Тоа не е само релативно да го гледаме во Македонија, туку кога ќе го споредите се со регионот бројките се јасни. На пример Словенија од 21 мај до денес, значи за девет дена, имаат само пет случаи, Хрватска од 24 мај до денс, за шест дена имаат само два случаи. Број на починати во Хрватска на еден милион жители е 25, во Словенија е 50, за жал во Македонија е 60. Македонија е на врвот и по број на луѓе кои што ја изгубија битката со корона вирусот и по бројот на ново заболени, апсолутно е на дното по бројот на тестирања, рече Николоски.
Овие тестирања на дневна основа кои што сега се прават се многу малку, вели Николоски и додава дека, ВМРО-ДПМНЕ цело време апелира дека треба да се зголеми брјот на тестирања.
– Овој е многу мал број на тестирања. Ние цело време апелиравме дека мора да се зголеми бројот на тестирања. Нашиот став од самиот почеток беше дека треба да се прават повеќе тестови, за жал, не се тестира сеуште доволно. Резултатите ги гледаме, бројките не можат да се скријат само прашањето е кога ќе излезат, дали порано или подоцна, реле Николоски. Тој смета дека ако во Македонија се правеа многу повеќе тестови за дијагностицирање на корона, ќе се лоцираа многу побрзо жариштата при штоситуацијата немаше да ескалира и ќе можеше навремено да се интервенира. – Разликата суштинска е ако се тестираше многу овие бројки немаше да стигнат, затоа што ќе се лоциреа многу побргу жариштата и ќе можеше во истите и да се интервенира, констатираше Николоски.