
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за вонредната состојба, во пресрет на утрешното истекување на третата одлука на претседателот Стево Пендаровски и очекувањето на одлука за евентуално продолжување.
„Сите информации, секако, се кај претседателот на државата, не се кај нас, ние немаме пристап до сите информации, под него е Советот за национална безбедност, но врз основа на информациите кои ги има и јавноста, сметам дека треба да биде продолжена вонредната состојба затоа што ова што го гледаме, не само денес, туку и вчера и завчера се навистина алармантни бројки“, рече Николоски.
Тој направи споредба со 18 март кога првпат беше прогласена вонредната состојба, но и со земјите од регионот.
„Имаме едно тотално фијаско во справувањето со корона кризата коешто чини и човечки животи“, рече Николоски.