Бразил стана петтата земја во светот со најмногу жртви од коронавирусот

Бразил стана петтата земја во светот со најмногу починати во пандемијата на Covid-19, вкупнo 27.944 истиснувајќи ја од оваа позиција Шпанија, а вкупно во светот бројот на жртвите надмина 365.000, додека бројката заразени се приближи до шест милиони, покажуваат податоците достапни во саботата.

Во петокот Бразил повторно регистрираше повеќе од илјада мртви во 24 часа, односно 1.124 починати, но и рекорден број заразени во едно деноноќие – 26.928, со што вкупниот број заразени во најголемата јужноамериканска земја од почетокот на епидемијата има 468.338 заразени лица.

Бројот на починатите во Бразил кој има 131 милион жители, сепак, е помал од некои европски земји со голем сооднос на смртноста, како што е Шпанија со 580 починати на милион жители.

Меѓутоа, критичарите проценуваат дека податоците кои ги изнесува владата на Бразил не ја одразуваат стварноста, бидејќи се нецелосно и истакнуват дека не можат да предвидат кога земјата ќе го достигне пикот на епидемијата.

Четирите земји кои на глобално ниво пријавија најмногу смртни случаи како последица од зараза со коронавирусот се САД, Велика Британија, Италија и Франција којашто наскоро може да ја мине Бразил.

САД потврдија 1.225 нови смртни случаи во последното деноноќие, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ објавени ноќта кон саботата. Со тоа САД бележат вкупно 102.836 починати од коронавирусот, а според истиот извор има 1.747.087 заразени.

Велика Британија има 38.234 починати од 272.607 потврдени случаи на ифекција со коронавирусот.

Италија до петокот вечерта бележеше 33.229 жртви од 232.248 заразени, а Франција 28.717 починати на 186.923 заразени.

На третото место според бројот на заразените во светот е Русија со 387.623 лица, но со далеку сразмерно помал број починати – 4.374.

Мексико во петокот регистрираше 3.227 нови заразени и 371 починат, со што вкупно земјата има 84.627 заразени и 9.415 починати.