Прво судско рочиште Груевски – Заев

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев во својство на тужен од премиерот Никола Груевски, најави дека денеска во 12 часот, ќе се појави во судница на првото рочиште во Скопскиот суд.

Груевски бара Заев да му плати половина милион евра за претрпената душевна болка, предизвикана од јавното обвинување дека при продажбата на Македонска банка посредувал и побарал 1,5 милиони евра во кеш од српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како, газда Нини.

На тужбата на премиерот за душевна болка и претходеше кривична пријава од опозициската СДСМ со докази, аудио снимката и сметки на кои биле префрлани пари за Македонска банка.