
Драстичен рад на новите случаи на зараза со коронавирусот се очекува денека, најавуваат неколку извори, што укажува дека обидите на владејачката СДСМ преку својот министер за здравство Венко Филипче да ги оствари замислите на партискиот лидер Зоран Заев за брзи избори воопшто предвид не ја земаат здравствената состојба во земјата и ризикот по граѓаните
Последната информација која телевизија Канал 5 ја добиле од Институтот за јавно здравје е дека само кај нив се регистрирани 52 случаи на новозаразени, а се чекаат и другите лаборатории.
Неофицијално вкупната бројка може да биде поголема и од 80 лица.
Претходно во неделата вицепремиерот Бујар Османи, кој е и претседател на владиниот Кризен штаб, најави на фејсбук дека денеска ќе има „доста“ новозаболени.
Османи сподели еден графикон кој ја покажува смртноста од Covid-19 и напиша:
„Следете ја смртноста на Ковид19 во споредба со другите причини. Ниту една рестриктивна мерка нема ефект како лична грижа и заштита. Денес во МКД бројките значително се зголемуваат. Заштитете се себеси и вашите роднини, напиша Османи.
Се поставува прашањето дали ваквиот остар скок на новозаболени и смртни исходи од епидемијата на коронавирост во земјата е последица на прераното олабавување на рестриктивните мерки. А тоа му беше потребно на Заев за исполнување на својата партиска агенда по секоја цена да се оди на одложените предвремени избори, веќе кон средината на јуни. Од друга страна, пак, се наметнува и прашањето за соодветноста на сите преземени мерки од страна на надлежните институции за вистинско бележење на состојбата и предвидување на развојот на ширењето на заразата, поточно за управувањето во времето на здравствената криза.