
Во последното деноноќие 264 тестирања не потврдиле ниедна нова зараза со коронавирусот ниту се потврдени нови смртни исходи од респираторната болест Covid-19, соопшти во неделата владата на Словенија со што службено е прогласен крајот на епидемијата во земјата.
Ова е трет ден со ред без ниеден случај на нова зараза или смрт, а во болниците има само уште 6 лица кои се лекуваат од Covid-19, додека досега 292 пациенти се отпуштени како излекувани.
Заклучно со денеска во Словенија и официјално е прогалсен крај епидемијата на Covid-19, со тоа што некои мерки како социјалната дистанца и носењето маски каде што дистанцирањето не е можно, остануваат на сцена. Ограничувањата важат и натаму за одржување на масовните јавни собири со најмногу 200 лица.
Благодарејќи на добрата епидемиолошката слика во текот на целата измината седмица повторно смеат да работат и поголемите хотели и други капацитети за сместувње на туристите, велнес и фитенс центрите, како и базените.
Во Совенија ќе започне повторно и наставата во сите основни училишта за сиет класови, а првите матурски испити со физичко присуство веќе се одржаа.
Од следната седмица на сила е новата одлука со којашто се уконува досега задолжителниот карантин при влез во Словенија за низа категори, меѓу нив и за некои категории државјани од трети држави надвор од ЕУ.
Првиот случај на зараза со новиот коронавирус во Словенија, којашто граничи со најпогодената област во светот – северна Италија, е регистриран на 4-ти март, а пеидемијата ден пред да стапи на должност владата на Јанез Јанпа ја прогласи владата на Маријан Шарец на 12-ти март. Севкупно досега во Словенија се потврдени 1.473 случаи на зараза со 108 смртни исходи.
„Новата влада добро реагираше на епидемијата, а на почетокот и одлично соработуваше со опозицијата“, изјави во интервју за дневниот весник Delo во неделата, претседателот Борут Пахор. Додава дека соработката меѓу власта и опозицијата треба да се обнови, иако во последно време се забележува остра реторика која соработката ја прави невозможна.