(ФОТО) СДСМ делат кампањски флаери дека го победиле коронавирусот, а само денеска 62 заразени

Владејачката СДСМ и во неделата инсистираше на одржување што поскоро одржување на одложените предвремени избори убедувајќи ги граѓаните дека здравствената состојна во земјата е безбедна и оти „ја добиле битката“ против коронавирусот, токму на денот кога беа потврдени уште нови 62 случаи на зараза.

Досега вкупно се регистрирани 2.226 случаи, а како активни се водат 541. Бројката којашто беше соопштена во неделата е најголемата на заразени во едно деноноќие за изминативе седум дена, а претставува остар раст на заразата кој укажува на постоење повеќе жаришта на епидемијата.

Според бројот на изведените тестови во изминатите 24 часта од скринингот – 221, произлегува дека 11,2 отсто од резултатите на сите новостестирани се покажале позитивни. Процентот на нови заболени пациенти на направени тестови од 25-ти до 31-ви мај е во распонот меѓу 5,4 до над 11 отсто. Само последната седмица од месецов беа регистрриани 193 позитивни лица на коронавирусот и 20 смртни исходи.

Истовремено, се зголемува и бројката на забоелни од Covid-19 кои се хоспитализираат. Според денешниот пресек на Министеството за здравство, на Инфективната клиника во Скопје примени се уште 5 пациенти, или вкупно се лекуваат 44 лица, од кои 20 се во потешка состојба. Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од вкупно 35 пациенти, 6 се новопримени, а 10 хоспитализирани се со потешка клиничка слика. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 15 пациенти,а во Битола уште 2 пациента. Уште 28 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 се следат на инфективните одделенија во Охрид, Велес, Прилеп и Куманово.