![Policajci sad klecat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/Policajci-sad-klecat.jpg?resize=576%2C324&ssl=1)
Неколку полицајци во Њујорк и полицајци од округот Флинт во Мичиген клекнаа на улица со демонстрантите кои протестираа против смртта на Афроамериканецот Џeорџ Флојд. Полициските службеници сакале да покажат солидарност и да покажат дека не се за насилство.
Неколку полицајци во Њујорк клекнаа заедно со мирни демонстранти на тротоарот и му оддадоа почит на починатиот, пренесува Си-Ен-Ен.
Во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се слушнат извиците на собраните „благодарам“, упатени до полицијата.
Демонстрантите потоа ја опколија полицијата и клекнаа со нив, додека пак еден од демонстрантите гласно ги изговора имињата на другите починати Афроамериканци.
Шерифот на округот Флинт во Мичиген, излезе без панцир и оружјеи исто така клекна пред демонстрантите, кои им рече: „Јас и моите луѓе ве сакаме“.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=kOnvI2sM2QI&feature=emb_logo