
Цените на нафтата се стабилизраа во понеделникот на меѓународните пазари над нивото од 38 долари за барел, поткрепени од сигналите дека водечките произведувачи се блиску до постигнување договор за продолжување на спогодбната за ограничување на снабдувањето.
На лондонскиот пазар цената на барелот до рано попладнето по средноевропско време се зголеми за 19 центи во однос на претходното затворање на тругавањето, на 38,3 долар. На крајот од минатата седмица го затвори тргувањето во договорите за испораките во авгкуст во позитива од 1,81 долар.
На американскиот пазар со барелот во истиот период се тргуваше по 11 центи пониска цена, од 35,38 долари. Во петокот тргувањето заврши во плус од 1,78 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) поради верскиот празник во Австрија, каде што е нејзиното седиште, не објави колку во петокот изнесувала цената на барелот на референтната кошница нафта на нејзините членки.
Нафетениот картел и другите големи светски прозиведувачи предводени од Русија, познати како групата OPEC+, се сѐ поблиску до компромисот за продолжување на договорт за ограничување на производството на нафтата за месец до два, соопштија за медиумите два извор блиски на групацијата.
Алжир, кој во моментов претседава со OPEC, предложи состанокот на OPEC+ да се одржи на 4-ти јуни наместо на 9-ти и 10-ти јуни, како што беше планирано. Русија, како што беше соопштено, се согласила со предлогот.
Фактот дека цените на сировата нафта не реагираа особено на веста за потенцијалното продолжување на договорот за ограничување на снабдувањето, можеби е сигнал дека пазарот веќе во цените пресметало доволна доза оптимизам, напишаа аналитичарите на „ JBC Energy“ во белешката за своите клиенти.
Растот на цените го закочи, пак, тензиите меѓу САД и Кина, пткако Пекинг предупреди дека ќе одговори на евентуалните американски санкции во врска со Хонгконг.
Кина од државните компании побара да запрат со купувањето соја и свинско месо од САД, пренесоа медиумите повикувајќи се на доброупатени извори. Пекинг би можел да ја прошири оваа мерка и на други американски земјоделски производи, доколку Вашингтон преземе дополнителни мерки.
Налогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се покрене постапката за укинување на специјалниот статус на Хонгконг веројатно ќе биде нов иницијатор на бранувања на глобалните пазари, имајќи предвид на јакнењето на тензиите меѓу САД и Кина.
„Можноста за заострување на тензиите претставува опасност за нагорниот тренд на цените на нафтата“, заклучува Харио Чилингуирјан од „ NP Paribas“.
Кочницата за цените денеска беа и податоците за активностите во азиската и европската индустрија кој ги открија тешкотиите поради затворањата во време на пандемијата на коронавирусот, кога и потона побарувачката.