
Австралиските власти воведоа санкции против 50 руски граѓани и 11 компании поради ситуацијата во Украина, сооптшти австралиското Министерство за надворешни работи.
На „црниот список“, меѓу другите, се наоѓаат рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, претседателот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко и претседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин.