Одлука за рестрикции во општините со најмногу заболени во четврток

Во четврток ќе се донесе одлука дали ќе има нови рестриктивни мерки за скопските општини Чаир, Сарај и делови од градот каде што има повеќе заболени, како и ограничување на движење викендов кога има нов празник Задушница, информира  министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата. Тој потенцира дека одлуката ќе биде донесена најдоцна до четврок бидејќи петок е неработен ден.

„Одлука по ова прашање ќе има најдоцна до четврток, бидејќи петок е неработен ден во кој може да се случи граѓаните да не ги почитуваат мерките. Добро ќе ги разгледаме регионите на неколку населби и ќе разговараме со МВР за организацијата. Знаеме дека е покомплицирано во Скопје, беше сосем различно во Дебар и во Куманово“, истакна Филипче.

Тој потенцира дека точно се знае од кои кластери доаѓаат новите заболени и дека се работи за 10 семејства кои веќе се знаат.

„Сè уште анализираме од кои кластери доаѓаат новозаболените лица. Семејствата на оние на кои се прават анкети се познати, како и регионот на Куманово. Засега немаме нешто непознато што би можело да нè изненади, како на пример нов кластер“, рече министерот Филипче.