![soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/soobrakajka.jpg?resize=594%2C356&ssl=1)
Девет сообраќајки се случиле во Скопје по текот на изминатите 24 часа. Од нив, седум се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле тројца возачи на возило и еден сопатник.
Се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.