![sundovski al rajan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/sundovski-al-rajan.jpg?resize=696%2C577&ssl=1)
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски е нов тренер на Ал Рајан од Катар. Информацијата ја потврди самиот катарски тим. Шундовски е селектор кој го постигна најголемиот успех со репрезентацијата на Македонија и тоа на ЕП во 2012-та година кога беше освоено петтото место.
Шундовски претходно беше тренер на Металург, потоа романски ЧСМ Букурешт и Констанца. Едно време беше и селекторо на селекцијата на Израел.