
Полициски час од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до понеделник (8 јуни) до 05.00 часот наутро се воведува во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, извести министерот за здравство, Венко Филипче.
Во сите останати градови, полицискиот час да трае – од четврток (4 јуни) од 21.00 часот до петок (5 јуни) до 05.00 часот наутро. Останатите денови полицискиот час да започнува од 16.00 часот и да трае до следниот ден до 05.00 часот наутро.
За време на претстојниот продолжен викенд кога се одбележуваат верските празници Задушница и Педесетница (Духовден) ќе биде забранета посетата на гробиштата на територијата на целатата држава, освен за погреби.