Претседателот на САД, Барак Обама изрази уверување дека не му е потребна дозвола од Конгресот за чекорите кои би ги презел за гушење на сунитските побуни во Ирак , а таквото мислење го делат и лидерите на Когресот, изјавија високи претставници на Републиканците во Сенатот и претставниците на Домот по состанокот со Обама.
Ако има некаква мерка, тогаш последна мерка би била воздушните напади освен ако известувачките агенции јасно не ги дефинираат целите на земјата.
Обама синоќа ја разгледувал опцијата за можен одговор на се полошата безбедносна ситуација во Ирак.