
Ангела Меркел, чијшто мандат на чело на германската влада истекува во 2021 година, изјави во четвртокот дека и покрај популарноста не размислува по петти пат да се кандидира за канцеларската должност.
Одговарајќи на прашање на јавната информативна мрежа ZDF за можната уште една кандидатура, Меркел одговори дека „сигурно“ нема да се кандидира и оти за тоа донела „цврста одлука“.
Популарноста на Ангела Меркел, која на канцеларската должност е од 2005 година, ги поттикна нагаѓањата за упте една кандидатура следната година, иако таа во повеќеврати истакнуваше дека нема да се кандидира. По превирањата во нејзината Христијанско-демократска унија (CDU) на почетокот од 2018 година, по незадоволството поради нејзината попустлива мигрантска политика која доведе до одлив на гласовите и историски најлоши изборен резултат, како и бунтот на младите конзервативци, некои политички коментатори сугерираа дека Меркел би можела достоинствено да се повлече од должноста по две години, на половина од нејзиниот четврти последователен мандат на чело на германската влада.
Сепак, 65-годишната канцеларка, сѐ уште е меѓу најомилените политичари во земјата, што се припишува на успешното управување со кризата предизвикана од епидемијата на новиот коронавирус во Германија.
Нејзината CDU, којашто во анкетите има уште најголема и убедлива поддршка, до крајот на годината треба да го избере новиот партиски претседател кој според принципот „шпицен кандидат“ треба да биде кандидат за канцеларската должност на следните избори. Кандида за функцијата се жестокиот ривал на Меркел, либералот Фридрих Мерцџ, и умерениот челник на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Армик Ласше.
Според некои нагаѓања, и претседателот на баварската влада и лидер на сестринската конзервативна партија Христијанско-социјална унија (CSU), кој исто така се истакна во сузбивањето на епидемијата, исто така, би можел да учествува во трката за местото канцелар на конзервативната унија