3.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

Партиски вработувања во скопска Дрисла во услови на криза

Од депонијата „Дрисла“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов претвора партиска канцеларија на СДСМ, каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8. 614. 000 денари или 140 илјади евра, реагираа во петокот од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Во писмената реакција до медиумите се истакнува дека градоначалникот Шилегов продолжува со низата скандал, а последната е посочената одлука во услови на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати, тој преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања, со што директно ја отвора вратата за нови партиски вработувања

„Непозната е бројката лица кои ќе се вработат, но затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила. Овие партиски вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори. Со ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку „Дрисла“ прави партиски вработувања тешки 8 милиони денари или 140 илјади евра“, се остакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека пред една седмица Шилегов прво криеше а потоа откaко беше „фатен во лага“ тој и директорот на „Дрисла“, Коста Начевски, признаа дека ќе купат три џипа за потребите на директорот.

„Прво се снабди со коли, а сега ќе трошат пари за партиски вработувања. „Дрисла“ нема зголемен обем на работа, а Шилегов дава зголемен буџет за нови партиски вработувања. Апелираме до Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи и да се пренаменат парите во решавање на проблемите на скопјани“, се додава во реакцијата.