
Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер, побара во петокот од претседателот Доналд Трамп да ги повлече бебзедносните сили од главниот град кои ѝ помагаа на полицијата во текот на најтешките судири со насилните демонстранти.
Сојузните сили беа распоредени поради протестите против полициската бруталност, по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд на 25-ти мај во Минеаполис.
Боузер во писмото до претседателот пишува дека последните денови немало нови апсења, и побара единиците да го напуштат „нашиот град“.
Градоначланичката која доаѓат од Демократската партија и од аромаериканската заедница ги поддржа протестите, и сѐ повеќе е критична кон острите мерки на сојузните во престолнината на САД.
Сојузните сили интервенираа во најнасилните судури предизвикани од демонстрантите, а употребиха и солзавец кога толпата се упати кон Белата куќа. Членовите на разни агенции на министерството за правда, според медиумите „биле видени“ на протестите, па наводно интервенирале и екипи на BOP, служба задолжена за одржување на редот во затворуте.
Поради инцидентите во главниот град, повторно се отвори дискусија за можниот статус на Вашингтон ДиСи (District of Columbia) како сојузна држава. Демократката Боузер ја заговараше оваа идеја претходно седмицата, на што се противат републиканците во Конгресот.
„Подржете ја ДиСи сега или подоцна ќе се прашате што ќе се случи во вашата држава“, напиша Боузер на Twitter.
Вашингтон како главен град има посебен автономен статус на Федералени округ Колумбија, и не е дел од ниедна сојузна држава, а ниту самиот е држава, поради што сојузната влада има значително влијание и моќ во овој град. Вашингтон ДиСи е формиран во 1790 година кога државите Мериланд и Вирџинија дале дел од своите територии за сојузната влада да може да има седиште.