ОН изразија солидарност со американскиот народ кој излезе на улиците да демонстрира против расизмот и полициската бруталност, а генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш на својот Твитер профил напиша: „Ако расизмот постои секаде, постои и во ОН“.
– Борбата против расизмот е во суштината на нашата работа во ОН, но ако расизмот постои насекаде, постои и во ОН. Потребни ни се преиспитување, искреност и акција, напиша Гутереш.