Трамп нареди повлекување на националната гарда од Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди повлекување на припадниците на Националната гарда од Вашингтон, јавува „Ал Џeзира“.

„Нарачав процес на повлекување на нашата Национална гарда од Вашингтон Д.Ц, сега сè е совршено под контрола“, напиша Трамп на Твитер.

Масовните демонстрации се одржуваат во неколку американски градови веќе втора недела по ред во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициска интервенција.

Трамп претходно побара поагресивна реакција од американските федерални гувернери околу демонстрациите.

„Мора да бидете доминантни, или ќе изгледате како будали, мора да апсите и да судите луѓе“, им рече тој на гувернерите за време на телефонска средба, порано објави Си-Ен-Ен, кои, како што тврдат, имале увид во аудио записот на разговорот.

Трамп побара од гувернерите да распоредат членови на Националната гарда, што тој го пофали како фактор за смирување на ситуацијата во Минеаполис.