
Почитуваниот епидемиолог професор доктор Драган Даниловски беше гостин на РТС (РТ Србија) каде што се зборуваше за состојбата во Македонија со коронавирусот, односно ескалацијата на Ковид-19.
Според Даниловски, прераното укинување на рестриктивните мерки доведе до високи бројки и втор бран. Тој истакна дека се затаи на планот на информирањето и дека борбата не се води само со прес-конференции.
Даниловски нагласи дека требало да се прави масовно тестирање и дека народот е револтиран поради рестрективните мерки, полицискиот час.
Погледнете ја изјавта на Даниловски: