Новите правила за влез во Британија стапија на сила

(Photo by TOLGA AKMEN/AFP via Getty Images)

Новите правила според кои сите кои влегуваат во Велика Британија ќе мора да одат во 14-дневна изолација, во понеделникот стапија на сила.

Лицата коишто влегуваат во земјата, вклучително и британските државјани кои се враќаат од странство, ќе мора на влез во државата да ја дадат адресата на којашто ќе го минат периодот на самоизолација, а доколку ги прекршат правилата може да бидат казнети со глоба до 1.000 фунти.

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, изјави дека законот е донесен за да се спречи вториот бран од коронавирусот. Меѓутоа, некои деловни субјекти предупредија дека ќе бидат тешко погодени од овие правила.

Лицата кои пристигнуваат од Ирска, Каналските острови или островот Ман, не треба да одат во изолација, а постојат и исклучоци за работниците во некои индустрии, како и за медицинските работници во некои сектори.

Сите други ќе мора да исполнат „патнички локатор“ по доаѓањето. Доколку ен се во состојба да дадат адреса на којашто ќе престојуваат, владата ќе им организира сместување на сметка на патникот. Ќе се вршат и проверки за почитување на правилата.

Владините мерки, во прв ред, ги критикува воздухопловниот сектор, но министерката Пател вели дека мерките се пропорционални и оти се спроведуваат во вистински момент.

„Науката е јасна, доколку го лимитираме ризикот на внесување нови случаи однадвор, можеме да помогнеме во запирањето на разорниот втор бран“, рече Пател.

Патниците кои се во транзит, кои не минуваат гранична контрола, исто така, се меѓу оние кои се изземени од задолжителната изолација.

Секторот за орагнизирање патувања, воопшто, е критичен кон мерките, бидејќи истакнува дека периодот на изолација ќе ги одвраните посетителите и така ќе доведе во опасноста бројни работени места. Преработувачакта индустрија, исто така, вели дека ќе биде силно погодена од овие мерки.