Саботните натпревари од 17. коло во англиската Премиер лига најмногу ќе бидат запаметени по сигурна игра и заслужениот триумф на сите аспиранти за шампионската титула.
Новајлијата во елитното друштво, тимот на Кардиф е најновата жртва на моментално лидерот на табелата, тимот на Ливерпул, а нови два погодока на своето конто запиша најдобриот стрелец во англиската Премиер лига, Луис Суарез.
Дека се во одлична форма фудбалерите на Манчестер Јунајтед покажаа и на првенствениот дуел против екипата на Вест Хем, кој заврши со сигурен триумф на “црвените ѓаволи” од 3:1, а победа од 4:2 но во пресметката против домашниот тим на Фулам, забележа најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити.
Денеска ќе се одиграат уште два натпревара, но далеку поголемо внимание привлекува пресметката помеѓу екипите на Саутемптон и Тотенхем.
Резултати: Ливерпул – Кардиф 3:1, Манчестер Ј. – Вест Хем 3:1, Фулам – Манчестер С. 2:4, Кристал Палас – Њукасл 0:3, Стоук – Астон Вила 2:1, Сандерленд – Норвич 0:0, ВБА – Хул 1:1.
Денеска на програмата: Саутемптон – Тотенхем, Свонси – Евертон.