
Во Франција, денеска се регистрирани четирипати повеќе смртни случаи како резултат на коронавирусот отколку вчера.
Министерството за здравство објави дека бројот на починати се зголемил за 54, односно за 0,2 проценти, што го донесе вкупниот број на жртви на 29.209 лица.
Франција е рангирана на петтото место во светот по бројот на жртви.
Вчера имало 13 смртни случаи.Бројот на починати може да се зголеми и утре, ден кога владата, еднаш неделно, ги додава податоците од старечките домови, кои сочинуваат третина од вкупните смртни случаи во земјата.
Од друга страна, бројот на пациенти се зголеми за 0,1 процент, на 154.118, што е помалку од седумдневниот просек од 0,2 проценти.
Според Ројтерс, ако се додадат веројатните случаи на коронавирус во старечки домови, вкупниот број заразени во Франција е скоро 191.000.
Врз основа на тоа, Франција би била на деветтото место по бројот на заболени во светот, а моментално е на 12-то место на веб-страницата „Worldometers“.