Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да има распуштање на полицијата по повикот за расформирање на службите за спроведување на законот по смртта на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец за време на приведување.
Говорејќи на тркалезна маса во Белата куќа со претставници на службата за спроведување на законот, Трамп рече дека 99 проценти од полициските службеници се одлични луѓе, иако има некои „расипани јаболка”.
– Нема да има распуштање. Нема да има расформирање на нашата полиција. Нашата полиција ни дозволува да живееме во мир и сакаме да се погрижиме таму да нема лоши глумци, рече Трамп за време на средбата со полициските службеници и началниците на полицијата во Белата куќа, додавајќи дека тој верува дека „99 проценти” од полицајците се „одлични луѓе “.
Прес-секретарот, Кејли Мек Енани на брифинг пред новинарите изјави дека „претседателот е згрозен” од обидите за расформирање на полицијата, издвојувајќи ветувања од градоначалниците на Лос Анџелес и Њујорк за намалување на полициските буџети.
„Тоа значи намалување на полицијата. Тоа значи намалување на полициските оддели. Тоа значи да се уништат полициските оддели, ако не се ослободиме од нив во целост”, рече таа.
„Не, (Трамп) не се согласува со тоа”.
Смртта на Флојд предизвика незадоволство од полицијата и протести низ целата држава.