
Елис Катер, поранешна учесничка на конкурс „Мис Хитлер“, којашто се пријавила како „Мис на Бухенвалд“, нацистички концетрационен логор, и се шегувала за пуштањето гас во синагога и играње фудбал со еврејски глави, осудена е на три години затвор поради припадност на забрената ултрадесничарска група Национална акција (NA), пренесува Sky News.
Нејзиното поранешно момче, исто така, е осудено поради припадност на терористичка организација на пет и пол години затвор. Двојката од Саурби Бриџ во англиската грофовија Јоркшир била прогласена виновна во март, заедно со уште двајца неонацисти, Гери Џек и Конор Скотерн. На Џек во вторникот му е изречена казна од четири и пол години затвор, додека Скотерн е осуден на 18 месеци.
Дваесет и тригодишната Катер негирала дека воопшто била членка на NA, иако присуствувала на соборите на групата на кои биле носени транспаренти на коишто пишувало „Хитлер беше во право“. Но на поротниците им биле прикажани пораки во кои таа прави шеги за пуштање гас во синагоги, и играње фудбал со еврејска глава и навредливи пораки на веста за убиството во 2016 година на пратеничката Џо Кокс од страна на симпатизерот на екстремната десница Томас Мајер.
Дваесет и петгодишниот Џонс, поранешен член на Британската национална партија и железнички инженер, бил лидер и стратег на групата, и имал значајан и активна улога, според обвинителството. Џек, пак, присуствувл на речиси секој состанок на Мидлендската подгрупа на NA, додека 19-годишен Скотерн бил сметан како „материјал“ за идно лидерство.
Споменатата ултрадесничкарска група е забранета во декемвир 2016 година од тогашната министерка за внатрешни работи Амбер Рад, кога е прогласена за расистичка, антисемитска и хомофобична. Но сега четворицата осудени останале „активни“ членови на NA и по забраната, констатирал судот.