ВМРО-ДПМНЕ: Груевски ќе се појави на рочиште кога тоа ќе биде потребно

По повикувањето на денешното подготвително рочиште, од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, премиерот Никола Груевски да се појави на рочиштето, ВМРО-ДПМНЕ со своја реакција за изјавата на Заев.

Во соопштението се вели дека Никола Груевски ќе се појави на судското рочиште тогаш кога ќе треба. Зоран Заев иако знае дака на подготвително рочиште не треба да оди, тој оди со шест адвокати од кои двајца нешто зборуваат, а четворица се декор.

Основ за барање таква висина на отштета е секогаш материјалната состојба на тужениот и тоа се правила во судската фела, кои Зоран Заев или не ги знае или неговите адвокати не му ги кажале, се вели во соопштението.

Зоран Заев не може да очекува дека за клеветите и лагите кои ги кажа може да помине само со едно евро. И сега и во иднина. Кога свесно лажеш и манипулираш, бидејќи на друг начин не можеш да добиеш избори, треба да си спремен да си ја платиш сметката за тоа се завршува во соопштението.