Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра за болницата во Гостивар

ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000 евра од автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата „Новоматик“ во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сѐ со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот ковид-19.

Од компанијата веруваат дека  се потребни токму вакви таргетирани акции, сѐ со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.

Компаниите членки на Групацијата „Новоматик“ во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот ковид-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.