
Шефицата на канцеларијата на СЗО во Македонија, д-р Јихане Тавилах, категорично ги отфрла тврдењата кои се пласираат во последниот период дека корона вирусот ја губи силата.
Во емисијата „Програма 200“ на Алсат телевизија, таа истакна дека тоа е само една желба која сите ја посакуваме, додавајќи дека досегашните набљудувања и лабораториски тестирања покажуваат дека вирусот Ковид-19 не покажува промени во однос на неговата силина.
-Не. Можеби е желба која ја посакуваме, но не. Тоа не е вистина. Затоа што се подразбира кога вирусите се множат може да станат многу вируленти, или помалку вирулентни, тоа е тоа што го знаеме за вирусите генерално. Но, досегашните набљудувања и лабораториските тестирања и генетските секвенции на вирусот ни кажуваат дека вирусот што го предизвикува ова заболување, Ковид-19, не покажува промени во реално време, рече Тавилах запрашана дали се вистините аргументите дека вирусот ја губи силата.
Таа истакна дека здравствените власти треба да го зголемат бројот на тестови, односно дека тестови за утврдување на Ковид-19 треба да се прават колку што е можно повеќе.
Тавилах, вирусот, го опиша како ужасен и смртоносен. Според неа, избори би можеле да бидат организирани со земање во предвид на протоколите за заштита, но како и во случајот со други групирања, таа нагласи дека нема 100 проценти гаранција дека не е опасно.