Уапсени 30 Палестинци на Западното крајбрежје

Израелската војска денеска уапсила 30 Палестинци на Запдниот брег во рамките на офанзивата која е покрената против палестинското радикално движење Хамас заради неодамнешното исчезнување на тројца млади Израелци.

„Војската вкупно уапсила околу 280 Палестинци од киднапирањето на Израелците точно пред една недела на Западниот брег“ изјавил неименуваниот портпарол на израелската војска и додал дека е меѓу уапсените  200 припадници на Хамас.

Војската престресла околу 100 станови и десетина институции поврзани со Дав, цивилна гранка на Хамас. Израел го обвинува Дав дека регрутира борци, шири лажни информации и става во промет глема количина на пари.

Меѓу 280-те уапсени луѓе е групата од 53 Палестинци кои во 2011 година беа ослободени во замена за заробениот израелски војник Гилад Шалит.

Израелците Ејал Јифрас(19), Нафтали Френкел (16) и Гилад Шаер(16) исчезнаа на патот меѓу Витлеем и Хеброн, кај местото Гуш Ецион кое е под контрола на израелската војска. Тие исчезнаа минатиот четврток додека стопирале. За сега за нив не се знае ништо.