8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Вархеји: Изборите мора да бидат инклузивни, со предвид на состојбата со коронавирусот

Вечерва зборував со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да истакнам колку е важно да има слободни, фер и инклузивни избори во Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Covid-19, како и потребата ефикасно да се обрати внимание на закрепнување на економијата, напиша на Twitter, еврокомесарот Оливер Вархеји.

Пораката на комесарот за проширување на Еврпската унија, е јасна имајќи предвид дека укажува на фактот дека мора да биде земена предвид ситуацијата со коронавирусот, што значи дека не може да се одреди фиксен датум за истите, туку датумот треба да се усогласи според околностите.

Тоа значи дека Македонија треба да ја согледа реалната состојба, а тоа е драстично зголемен број на заразени и жртви, па изборите во нашиот случај не можат да бидат приоритет.

Вархеји ја потенцира важноста од тоа изборите да бидат инклузивни, односно тоа да не бидат избори без учество на опозицијата.

Еврокомесарот за проширување и неодамна порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер.