Денеска над 160 новозаразени, Заев распишува избори

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозаразени со коронавирус, од кои дури 115 случаи се во Скопје, дознава Нетпрес.

Со тоа продолжува растот на бројот новозарзаени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со коронавирусот и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се  регистрирани 1.141 новозаразен и 31 починат.

И поркај тоа, на само дваесетина дена по рекордните бројки од епидемијата на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донесе Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев.

Ваквата одлука на владата која ги исполнува замислите на лидерот на СДСМ, е во спротивности и со пораката на европкомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој во телефоснкиот разговор од средата вечерта со Зоран Заев и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, порача дека изборите мора да бидат инклузивни и да се земе предвид состојбата со коронавирусот.

„Вечерва зборував со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да истакнам колку е важно да има слободни, фер и инклузивни избори во Македонија, земајчи ја предвид ситуацијата со Ковид 18 како и потребата ефикасно да се обрати внимание на закрепнување на економијата“, .

Пораката на Вархеји укажува дека треба да се земе предвид ситуацијата со коронавирусот, што значи дека не може да се одреди фиксен датум, туку датумот треба да се усогласи според околностите. Тоа значи дека Македонија треба да ја согледа реалната состојба, а тоа е драстично зголемен број на заразени и жртви, па изборите во овој случај не можат да бидат приоритет.

Вархеји ја потенцира важноста од тоа изборите да бидат инклузивни, односно тоа да не бидат избори без учество на опозицијата.