
Катица Јанева, поранешната шефицата на СЈО, денеска со полициска придружба била спроведена во Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на гевгелискиот суд.
Јанева се наоѓа во домашен притвор и ја чека пресудата за случајот „Рекет“. Токму на денот кога беше притворена, на 20 август минатата година, почина и нејзината мајка, а обвинителот дозволи таа да замине на погреб.
Пресудата за „Рекет“, за Бојан Јовановски и за Катица Јанева, ќе биде објавена в четврток, на 18. јуни.