(ВИДЕО) Барселона и Меси блеснаа во Мајорка

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во последниот натпревар од саботната програма на 28-то коло на шпанското фудбалско првенство, водечката Барселона со 4:0 на гостински терен ја совлада Мајорка која се бори за опстанок.

За Барселона стрелци беа Артуро Видал веќе во втората минута, Мартин Брејвајт во 37, Жорди Алба во 79 и Лионел Меси во третата минута од судискоро продолжение. Покрај погодокот Меси впиша и две асистенции, за првиот и за третиот погодок.

Мечот во кој и Мајорка имаше свои шанси, го одбележаа два интересни момента. Имено Бретвајт со постигнатиот дебитантски погодок стана третиод Данец кој постигнал погодок за каталонскиот гигант, по неговите сонародници Микаел Лаудруп и Алан Симонсен. На почетокот од вториот дел иако мечот се играше без присуство на публика, во теренот се втурна навивач во дресот на Меси од аргентинската репрезентација кој пред да биде изнесен направи селфи со својот идол и со Жорди Алба.

Барселона е прва на табелата со 61 бод, пет повеќе од Реал Мадрид кој во недела вечер го игра својот натпревар од ова коло. Мајорка, е 18-та со 25 бодови сано два повеќе од местата кои сигурно водат во Сегунда.

Претходо во саботата вториот клуб од Барселона, Еспањол впиша три важни бода со победата на домашен терен над Алавес од 2:0. Стрелци беа Еспиноза во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме и Ви Леи во 47 минута. Со победата Еспањол стаса до 23 бодови, три помалку од местото кое обезбедува опстанок во Ла Лига, додека Алавес и по ова коло ќе остана 15-ти со 32 бодови.

Вилјареал со голот на Тругуерос во првата минута од судиското продолжение на мечот славеше на гости кај Селта, која остана на загрозеното 17-то место со 26 бодови. Вилјареал, пак, дојде до 41 бод и е на осмото место на табелата, ода каде ќе се обиде до крајот на сезоната да се пробие на некои од позициите кои обезбедуваат натпреварување на европската сцена.

Во саботата од четири мечеви, гостите славеа на три, а тоа му појде од рака и на тимот на Вајадолид кој со 2:1 го победи домашниот Леганес. Стрелци за гостите беа Унал во 2 и Алказар во 54 минута, додека во 84 минута намали Родригез од пенал. Вајадолид сега е 14-ти со 32 бодови, додека Леганес остана претпоследен 19-ти со 23 бодови и не успеа со домашна победа да ја напушти за момент опасната зона.

Во недела програмата ја отвора дербито меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид, ја продолжува мечот Реал Мадрид – Еубар, а ја затвора диулот Реал Сосиедад – Осасуна.